Неколку зборови

За настанот

Асоцијацијата на филмски дистрибутери на Македонија заедно со СИНЕДЕЈС - Фестивалот на европски филм со поддршка од Министерството за култура организираат мини дистрибутивен маркет (наместо пазар) од 25 до 30 ноември 2020 година. Ќе се обидеме да разговараме за актуелните проблеми со кои се соочуваат дистрибутерите и ќе го опфатиме целиот дистрибутивен синџир ланец, а исто така ќе им ги претставиме најновите домашни филмски проекти во развој на потенцијално заинтересирани агенти за продажба и дистрибутери. 
Со оглед на променливата економија и динамика на светот на киното, посебно со кризата со Ковид-19, го посветуваме настанот целосно на филмската дистрибуција.
Шестдневниот настан е поделен во неколку сегменти: панел дискусија, презентации, мастар-клас и пичинг сесии со што се овозможува размена на знаења и интердисциплинарно вмрежување.

Место

Младински културен центар Џебно кино

онлајн преку Zoom и Vimeo

Време

25 - 30 ноември 2020, среда до недела

Поради кризата предизвикана од вирусот ковид-19 пазарот ќе се одржи во хибридна форма со комбинација од онлајн-настани и настани во живо.

Погледнете гo

Распоредот на настанитe

Ден 2

26.11.2020
11:00

Модератор: Сребра Ѓорѓијевска

Говорници: Маргарита Арсова (Младински културен центар), Игор Мраков (Cineplexx MK), Јулијана Кузмановска (MCF MKD), Огнен Антов (продуцент, Dream Factory)

Ден 5 и 6

29.11-30.11.2020
11:00 - 16:00

Учесници: 

Man vs. Flock by Tamara Kotevska; Heritage by Izer Ali; Sabattier Effect by Eleonora Veninova;  Everybody Calls Rexho by Ibrahim Deari; Headlights by Srgjan Janakijevic; Earl-King by Goran Radovanovic

Ова се

Нашите гости

Неколку зборови за

Организаторот

Асоцијацијата на филмски дистрибутери на Македонија - АФИДИ Битола ги застапува интересите на филмските дистрибутери во земјата. Во асоцијацијата членовуваат домашни дистрибутерски куќи, како и поединци - дистрибутери на филмови.  

Историја

Организацијата е основана во 2016 година во насока на остварување на заедничките професионални цели и интереси на филмските дистрибутери во земјата.

Нашите активности

Основната дејност на Асоцијацијата на филмски дистрибутери е заштита и промоција на филмовите, професионалните интереси на филмските дистрибутери и соработка со други професионални асоцијации, организации или органи на државната управа. Асоцијацијата исто така соработува во решавање на правни и даночни прашања поврзани со филмската дистрибуција и учествува во создавањето на законски норми во оваа сфера.

Целта на АФИДИ е да биде кохерентен, позитивен глас за македонскиот дистрибутивен сектор.

 - Борба со пиратерија - Креирање политика за киноиндустријата - Воспоставување и развој на уметничка, индустриска и комерцијална инфраструктура на киноиндустријата - Развој на македонската кинематографија и ширење на кинематографските дела и културата во сите делови на Македонија; -Развој на независни и автономни македонски претпријатија во областа на кинeматографијата - Развој и помош на компании кои ќе ги држат правата за дистрибуција на филмски и аудиовизуелни содржини за територијата на Република Македонија. - Почитување на правото на уметничка сопственост и воспоставување на механизми за надгледување на продукцијата, прикажувањето и дистрибуција на филмовите. - Учество на телевизиските компании во продукција и ТВ емитување на македонски и европски филмови

Членство

Членството е отворено за секое физичко или правно лице кои работи со дистрибуција на филмови и други аудиовизуелни содржини, кое живее или е со адреса во Република Македонија и во согласност со Статутот на Асоцијацијата.

Место

Младински културен центар Џебно кино

кеј Димитар Влахов бр. 15, 1000 Скопје

Единствениот настан со физичко присуство на 26 ноември 2020 ќе се одржи во Џебното кино при МКЦ. Сите останати настани се случуваат онлајн. Сите настани од отворен тип ќе бидат пренесувани во живо - линк подолу.

Организација и поддршка

mk_MKMacedonian