Ден 3 – 27.11.2020 @14.00

Претставување на Интернационалната федерација на филмски дистрибутерски асоцијации ФИАД

Многу филмски наслови си го бараат својиот дом. Никогаш не било толку тешко да се купи и продаде филмови отколку во оваа година кога самата иднина на дистрибуцијата е отворено прашање.
Алина Попеску, генерален секретер на ФИАД, ќе одржи онлајн-презентација за работата на ФИАД и предизвиците на дистрибутерите на европско ниво во овие предизвикувачки времиња и планираните стратегии и мерки за помош на филмската индустрија.

Меѓународната федерација на асоцијации на филмски дистрибутери (ФИАД) обединува национални организации на филмски дистрибутерски компании, покривајќи ги сите видови компании: мали и средни специјализирани за уметнички филмови, како и големи компании фокусирани на меинстрим филмови. Членовите на ФИАД оперираат во 14 држави каде покриваат 90 до 100 отсто од кинопазарот.

ФИАД беше основата за да ги претставува интересите на дистрибутерите и да им обезбеди информации за политики на работа и дистрибутивни активности и координирана политичка акција кога е неопходно. ФИАД е исто така член на Советодавниот комитет на Европската аудиовизуелна опсерваторија а има набљудувачки статус во Светската органиација за интелектуална сопственост Organisation во Женева и Советот на Европа во Стразбур.

Предавач: Алина Попеску

mk_MKMacedonian